Тенис
8. September 2015 - 10:13

УС Опен: Федерер во 1/4 финале

Вториот светски рекет, Роже Федерер избори 1/4 финале на ОП на САД во тенис откако во израмнет меч со 7-6,7-6 и 7-5 го совлада Американецот Џон Изнер. 

Решавачки за победата на Федерер беше третиот сет во кој Изнер  пропушти 5 брејк топки.
Федерер за пласман во 1/2 финалет ќе се бори против Ришар Гаске кој беше подобар од Томаж Бердих.