Свет
20. March 2021 - 13:02

Урсула фон дер Лајен се закани дека ќе го блокира извозот на вакцината на АстраЗенека

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се закани дека ќе го блокира извозот на вакцината на АстраЗенека, доколку Европската унија прво не ги добие своите залихи.

„Имаме опција да забраниме каков било планиран извоз. Пораката што ја испраќаме до АстраЗенека е: Исполнете го вашиот договор со Европа пред да започнете со испорака во други земји”, наведе Фон дер Лајен во интервју за германската медиумска групација „Функе“.