Уредување на постоечкото и новото зеленило во Карпош 4

Во Општина Карпош се уредува зелениот агол меѓу ул. „Љубљанска“ и бул. „Партизански одреди“. На површина од 5.300 метри квадратни, се поставува нова тревна површина, украсни грмушки и растенија, со цел да се зголеми и оплемени зеленилото во овој дел од Општината.
За одржување на постоечкото и новото зеленило, ќе се постави и нов систем за наводнување. Изведбените активности за уредување на овој јавен простор се предвидуваа да траат 30 дена во зависност од временските услови, информираат од Општината.
Оттаму додаваат дека оваа акција за зголемување на зеленилото ја спроведува ЈП Паркови и зеленило, а е во рамки на акцијата за уредување на повеќе јавни површини на пофреквентни локации. Исто така, локалната самоуправа иницираше да бидат дислоцирани и времените објекти (трафиките) кои се наоѓаат во оваа близина.
– Во изминатиот период се постави и нов зелен појас на потегот долж булеварот „8 Септември“. Овие активности за уредување на повеќе запуштени јавни површини беа најавени на почетокот на месец април, а претставуваат и стратешка определба на Општината, во борбата за заштита на животната средина и надоместување на изгубеното зеленило, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
