-->
-->
Ураганот „Лоренцо“ носи бранови од 22 метра на Азорските Острови
-->

Бранови високи до 22 метра и урагански ветрови од преку 200 километри на час се прогнозираат за делови од Азурските Острови кога ураганот Лоренцо ќе го погоди тој архипелаг во Атлантскиот Океан.
Се очекува ураганот од втора категорија да ги погоди португалските острови вечерва и утре претпладне.
Американскиот национален центар за урагани во Мајами издаде предупредувања за ураган за седум од деветте вулкански Азурски Острови и за предупредување за тропска бура за останатите два.
Околу 250.000 луѓе живеат на оддалечените острови.
Властите во Азурите издадоа црвено предупредување за двата најзападни острови Флорес и Корво меѓу полноќ до утре напладне.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

„За плата се бориме, не се молиме“ – ССМ на првомајски марш
-

Мицкоски: Протестот на ССМ е дел од традиционалните првомајски работнички протести
-

Ракија, скара и пивце - среќен Ден на трудот
-

Мицкоски: Во евроинтеграциите стануваме први во регионот - СДСМ: Поблиску сме до Србија отколку до Црна Гора
-

Притвор за двајца скопјани за пожарот во Еврејската зедница, ќе одговараат за тероризам
-

Започна изградбата на катната гаража во Охрид
-

Зголемен број на повици во скопската Брза помош поради временските промени
