Ураганот „Барни“ ги погоди западниот брег на Англија и Велс
Ураганот „Барни“, проследен со силни ветрови, големи бранови и обилни врнежи од дожд, ги погоди западните делови од Велика Британија, а пред се реони од Англија и Велс.
На западниот англиски брег, околу приморскиот град Блекпул, ветерот достигна брзина од над 130 километри на час, додека брановите во овој омилен туристички центар на Англичаните, уште од времето на кралицата Викторија, достигнуваа висина од неколку метри.
Силен ветер дуваше и во западните делови од Велс, но и во јужна, централна и источна Англија, проследен со обилни врнежи.
Во делови од земјата, дојде до излевање на водата од коритата на реките и поголемите канали, како и до поплавување на десетици регионални патишта.
Поплави се регистрирани во Велс, во областа Камбрија во северозападна Англија, како и во делови од североистокот на земјата.
Според британската Метеоролошка служба, ураганот „Барни“ претставува продолжување на ураганот „Абигејл“, кој пред крајот на минатата недела ја погоди Шкотска.
Тогаш силните ветрови и дождот, предизвкаа повеќе од 20 илјади домови во овој дел од Велика Британија да останат без струја, а некаде и без греење. Поради невремето, голем број шкотски училишта беа затворени.
Најголеми проблеми ураганот „Абигејл“ предизвика во шкотскиот Хајленд, каде ветаерот дуваше со брзина од над 160 километри на час.
Метеоролозите соопштија дека денеска ветерот во крајбрежните делови од Англија и Велс дува со брзина од 130, додека во внатрешниста на земјата до околу 120 километри начас.
Дождот продолжува да врне, па и натаму останува заканата од нови излевање на реките и до прекини во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Скопје се буди, ВМРО- ДПМНЕ чествува 80 години од 13 ноември
-
Тема на денот со Моника Зајкова, лидерка на ЛДП
-
Прва регионална бекутан конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“
-
Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството
-
Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот
-
Сиљановска отповика седум амбасадори, за назначување нови нема ниту почната постапка
-
Хајрулахи: Кривичната и оддалечувањето од работното место не се поради мобинг
-
Таравари формираше комисија за стручен надзор за смртта на 5 годишното девојче кое почина на детска