Македонија
26. April 2020 - 13:58

Управувајќи со велосипед удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

На 25.04. во 13,30 часот на локалниот пат Милениумски крст – Средно Водно, Д.Г. (25) од Скопје управувајќи велосипед “трек“ удрил во пешакот Б.Ф. Ш. (65) од Скопје.

Б.Ф.Ш. со возило на итна медицинска помош била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники Мајка Тереза, каде што и биле констатирани тешки телесни повреди, а велосипедистот Д.Г. со друго возило бил пренесен во Градска општа болница ,,Свети Наум Охридски,, – Скопје каде по укажана лекарска помош биле констатирани телесни повреди.

Се работи на целосно расчистување на случајот.