Упасен сопственикот на станот во Сен Дени

Француската полиција го уапси сопственикот на станот во париското предградие Сен Дени, во кој денеска полициските сили спроведоа акција за неутрализирање на група вооружени лица.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, тој изјавил дека станот го дал под наем на две лица што пристигнале од Белгија. Мажот и раскажал на полицијата дека негов пријател го замолил да прими двајца негови пријатели на неколку дена.
- Им реков дека нема душеци, но тие ми одговорија дека нема проблем. Имале потреба само од вода и место за молитва. Мојот пријател ми кажа дека доаѓаат од Белгија, рекол 30-годишниот сопственик на станот. - Ми побараа услуга и јас ги услужив. Не знаев дека се терористи, вели тој.
Веднаш потоа тој бил уапсен од полицијата.
Француските власти посочија дека во антитерористичката акција нема загинати цивили.
Ново на Сител
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
-

Младите и социјалните мрежи
