Уништена урбана опрема во центарот на Македонска Каменица
Урбана опрема, канделабри, млади садници и дел од експонатите во Паркот на рударите во Македонска Каменица викендов биле уништени од вандали, соопштија од Оштината.
Градоначалникот Дарко Митевски го осуди овој вандалски чин и ги повика жителите на поголема свест.
-Ние инвестиравме изминатиов период во центарот на Македонска Каменица со цел да го подобриме изгледот на градот. Деновиве сме сведоци дека несовесни граѓани уништија голем дел од урбаната опрема, тука се канделабрите на новата улица„Филип Втори“ потоа експонатите во Паркот на рударите, уништени се и млади садници кои придонесуваат за подобар хортикултурен изглед на зелените површини во градот. Сето ова остава сега лоша слика за градот, рече Митевски.
Тој апелираше до граѓаните за поголема свест и доколку забележат дека некој уништува тоа и да го пријават.
-Нашите служби за обебзедување овој период ќе ги зачестат контролите во централното подрачје. Јас сугерирам на граѓаните секој којшто ќе забележи такво несовесно однесување со општествениот имот да го пријават во полиција или кај нас, за да може секој да биде санкциониран и да си носи последици за вандалското однесување, потенцираше Митевски.
Штетите допрва ќе се пресметуваат, а Општината веќе работи на нивно санирање.
Ново на Сител
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст