Уникатна свадба – Милица и Драган на сите гости им уплатиле лото ливчиња
Идејата со лото ливчињата мислам дека некаде ја прочитав, но веќе не се сеќавам каде. Му ја предложив идејата на Драган, а нему му се допадна, вели Милица.
Милица и Драган Пилиповиќ од Нови Сад го изговорија судбоносното „ДА“ минатиот викенд, а на гостите на венчавката им приредија големо изненадување.
Со оглед на тоа дека 29. август бил најсреќниот ден во нивниот живот, тие внимателно ги испланирале сите детали за нивната свадба, па не ги испуштиле ниту гостите.
Наместо бонбони и чоколадни кекси, гостите во знак на благодарност на масата ги чекало уплатено лото ливче за претстојното коло.
„Креативен директор“ на оваа идеја е самата невеста, која подготовките за свадбата ги почнала во јануари веднаш по веридбата.
- За организацијата околу венчавката се информирав на Интернет и од магазините. Идејата со лото ливчињата мислам дека некаде ја прочитав, но веќе не се сеќавам каде. Му ја предложив идејата на Драган, а нему му се допадна, вели Милица.
Иако можеле на компјутерот да му го препуштат автоматскиот избор на броеви, тие не го сториле тоа.
- Седевме заедно со пријателите една вечер и пиејќи кафе ги пополнивме сите 330 лото ливчиња, едно по едно. Бидејќи извлекувањето е во вторник моравме на денот на венчавката да ги уплатиме ливчињата, додава таа.
Ново на Сител
-
Поплавени домови во Волково
-
Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш
-
ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ