Унијата не е совршена, но е најдобро решение, оценија лидерите на ЕУ

Лидерите на ЕУ се обврзаа дека најдоцна до март следната година ќе подготват „визија за поатрактивна и поуспешка Унија“, по одлуката на Велика Британија за напуштање на европскиот блок.
- Со обрзавме на нашите граѓани во следните месци да им понудиме визија за поатрактивна ЕУ, во која ќе можат да веруваат и да ја поддржат. Уверени сме дека имаме волја и капацитет да го остваримне тоа, се наведува во завршната декларација од Самиот на Унијата, што заврши синоќа во Братислава.
Во декларацијата се наведува дека „ЕУ не е совршена, но дека е најдобар иструмент со кои располагаме за решавање на новите предизвици со кои се соочуваме“,
- ЕУ е потребна не само да ги гарантира мирот и демократијата, туку и безбедноста на европските граѓани, се додава во декларацијата.
Лидерите на ЕУ порачаа дека Унијата е решена „да продолжи напред“ и покрај тоа што Велика Британија, која е една од нејзините најголеми членки, решила да ја напушти.
- Иако една земја членка реши да си замине, ЕУ останува како неопходноста за сите останати... Затоа решивме да ја направиме ЕУ успешна со 27 земји членики, врз основа на нашата заедничка историја, порачаа лидеире на Унијата од самитот во Братислава.
Ново на Сител
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
