Македонија
19. November 2015 - 11:49

Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ од Берово со хуманитарна акција за новинарот Двојаковски

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Берово организира хуманитарна акција за собирање финансиски средства за лекување на новинарот од Берово Зоран Двојаковски.

Оваа хуманитарна акција, соопштија денеска од Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ од ОК Берово, ќе се спроведе за време на Комитската вечер која ќе се одржи утре во ресторанот „Мис-Стон“ Смојмирово.  

Акцијата е дел од работата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Берово кои, како што велат, постојано организираат вакви или слични акции со кои помагаат на оние на кои најмногу им е потребна помош.