УНИЦЕФ: Поради суша потребна е помош од еден милион долари за Шри Ланка
Меѓународниот фонд за деца на ОН (УНИЦЕФ) апелираше денеска за помош во износ од еден милион долари за населението во Шри Ланка поради сушата која ја зафати таа земја.
Шри Ланка моментно е зафатена од најлоша суша во последните 40 години, која директно загрозува повеќе од 1,2 милиона луѓе, вклучувајќи 365.232 деца, на кои им е потребна хуманитарна помош, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.
Во извештајот, кој е објавен по повод Светскиот ден на водата, се наведува дека моментно 36 земји ширум светот се соочени со екстремен недостиг на вода. Во документот пишува дека високите температури, зголеменото ниво на морето, честите поплави, сушите и топењето на мразот влијаат на квалитетот и достапноста до вода .
УНИЦЕФ тврди дека иако Шри Ланка не се наоѓа меѓу овие 36 држави, таа земја и децата кои живеат во неа веќе ги чувствуваат последиците од климатските промени.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера