УНИЦЕФ: Од 2013. Боко Харам киднапирал повеќе од 1.000 деца
Припадници на екстремистичката организација Боко Харам во Нигерија од 2013 година, па досега, киднапирале повеќе од 1.000 деца, се наведува во денешното соопштение на Детскиот фондот на ОН (УНИЦЕФ).
Меѓу нив се и 276-те девојчиња киднапирани од еден интернат во 2014 година, појасни УНИЦЕФ. Некои од девојчињата успеале да побегнат, некои се пуштени по преговори, но се уште околу 100 деца се заробени и се верува дека биле принудени да се венчаат со припадници на Боко Харам.
УНИЦЕФ дополни дека во нападите на Боко Харам, терористичка група која се противи на западниот стил на живот и на школување, убиени се и 2.295 просветни работници и уништени се повеќе од 1.400 училишта.
Во судирите меѓу Боко Харам и нигериските сили од 2009 година загинаа 20.000 лица, а околу 2,6 милиони се раселени.
Ново на Сител
-
Танкер со нафта се запали во Северното море откако се судрил со товарен брод
-
Песков: Америка сака да види дека Киев сака мир за време на разговорите со Украина во Ријад
-
Поради сообраќајка на магистралниот пат Битола-Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат
-
Камбовски: Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд
-
Oд метастазиран рак до без рак за неколку месеци
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1