УНИЦЕФ: Децата од кризните подрачја се изложени на напади од шокантни размери
- Децата кои живеат во кризните подрачја во светот оваа година се изложени на напади од шокантни размери, објави Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ).
Напаѓачите бесрамно го занемаруваат меѓународното право кое е осмислено за да ги заштити најранливите, се наведува во соопштение на УНИЦЕФ.
- Децата се мета и се изложуваат на напади и насилство во нивните домови, во училиштата и на игралиштата. Светот не смее да отрпне на тие напади и таквата суровост не смее да стане нормална, изјави директорот на програмата на УНИЦЕФ за вонредни состојби Мануел Фонтаин.
Според УНИЦЕФ, децата се користат како жив штит, ги убиваат, осакатуваат и регрутираат за борби. Силувања, присилни бракови, киднапирање и поробување станаа стандардни тактики во судирите во Сирија, во Јемен,во Нигерија и во Мјанмар.
Милиони деца станаа жртви на тие судири, страдајќи од неухранетост, болести и повреди, додека од друга страна поради борбите оневозможени им се основните услуги како пристап до храна, вода, здравствена заштита и санитарни услови.
Во Конго 850.000 деца се протерани од своите домови, а околу 350.000 се неухранети.
Во борбите во Јемен, кои траат речиси илјада дена, настрадаа околу 5.000 деца (загинати и повредени).
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја