УНХЦР предупредиува на ризик од сексуално насилство во грчките бегалски кампови

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) ја повика грчката Влада да обезбеди посебно сместување и санитарни услови за жените и децата во бегалските кампови на грчките острови, поради ризик од сексуално насилство.
УНХЦР и изјави дека добил пријави од околу 180 жители на кампови, кои рекле дека биле изложени на некаков вид сексуално или полово насилство по пристигнувањето во Грција.
Во соопштението на Агенцијата се посочува дека ситуацијата е особено вознемирувачка во пренаселените кампови Морија на островот Лезбос и Вати на островот Самос, каде тоалетите и бањите по стемнување се на „несоодветно место“ за жените и децата без придружба.
Комесаријатот цитира жена од кампот Морија која рекла дека два месеца не се туширала затоа што се плаши да не биде нападната.
УНХЦР ја повика Грција да направи повеќе за обезбедување заштита на жителите на бегалските кампови.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
