-->
-->
Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на Груевски
-->
Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија, изјави денеска унгарскиот министер за правда Ласло Трочани.
– Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон, кажа Трочани во интервју за унгарската телевизија „Ехо“
Унгарската служба за имиграција и бегалци вчера му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна.
Македонското Министерство за правда вчера до унгарските власти го достави и барањето за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација