Унгарија за седум години поделила милион пасоши на дијаспората
Унгарската Влада соопшти дека за седум години издала милион пасоши на Унгарци во дијаспората, пред се во околните земји.
Оваа постапка била спроведена согласно контроверзниот закон за двојно државјанство, донесен на иницијатива на премиерот Виктор Орбан.
- Заклетвата ја положи милионитиот нов државјанин на Унгарија, изјави вицепремиерот Жолт Семјен и го поздрави „одржаното ветување“ дадено од конзервативната Влада.
Се проценува дека повеќе од два милиони Унгарци живеат во соседните земји на Унгарија, која има 9,8 милиони државјани.
Еден од првите чекори на Орбан по враќањето на власт во 2010 година, беше носење закон, со кој на Унгарците кои живеат во Романија, Словачка, Србија, Хрватска и Украина им е овозможено да добијат унгарско државјанство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето