Унгарија може да ги враќа и мигрантите кои ќе бидат фатени надвор од граничната ограда

Унгарскиот Парламент денеска усвои закон, согласно кој полицијата ќе може да ги враќа назад нелегалните имигранти, кои ќе бидат задржани во појасот до осум километри од јужната граница, кон Србија.
Законот предизвика критики од Врховниот комесаријат за бегалци на Обединетите нации.
Оградата од бодликава жица, која Унгарија ја постави на нејзината јужна граница со Србија и Хрватска драстично го намали приливот на мигранти. Но и покрај тоа мал број мигранти се уште пристигнуваат до границата на Унгарија со Србија. Будимпешта определи две транзитни зони, каде мигрантите можат да поднесат барање за азил.
- Целта е властите да можат да дејствуваат и надвор од објектите за погранична стража во случај на граѓани од трети земји, кои незаконски влегле во Унгарија и се задржани во осумкилометарската зона на границата, се вели во образложението на законот.
Досега оваа година во Унгарија се регистрирани над 19 илјади барања за азил, а над 14 илјади мигранти незаконски ја минале нејзината јужна граница, посочуваат податоци на Владата.
Унгарија го ограничи до 30 бројот на луѓето, кои дневно се примани во транзитната зона.
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
