Унгарија: Даблинскиот систем е мртов
Унгарија ги нарече застарени правилата на Европската унија за раселување мигранти и го оспори барањето да се враќаат луѓе во првата држава од ЕУ во која влегле.
Министерот за надворешни работи Петер Сијарто ги оспори имиграциските правила на ЕУ на средба во Малта меѓу лидерите на Унијата и нивни африкански колеги, на која се разгледува финансирање и друга помош со цел ограничување на мигрантскиот бран преку Средоземното Море.
– Даблинскиот систем е мртов, изјави Сијарто.
Со таа регулатива (Даблин-3) се бара од државите од надворешните граници на Шенген да обезбедат контрола и заштита на границите. Молбата за азил се разгледува во првата држава од ЕУ во која влегле мигрантите.
– Ако мигрантите ја напуштат таа држава тие може да бидат вратени во неа. Тоа важи за Грција, а не за Унгарија која има само копнени граници, нагласи Сијарто.
– Ако некој тргне од Сирија за Европа, за него е физички невозможно да влезе во ЕУ преку Унгарија. Поради тоа, не е оправдано да се враќаат Сиријци во Унгарија, истакна тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот