Унгарија бара ЕУ да ја заштити границата на Грција со Турција

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, низ чија земја дневно транзитираат илјадници бегалци на пат кон Германија, денеска ја повика ЕУ да испрати сили за да ја заштити границата со Турција во Грција.
- Бидејќи Грција очигледно не може да ја заштити сопствената граница, Европа треба да има право да мобилизира човечки ресурси, граничари, кои ќе бидат распоредени за заштита на внатрешната граница на Грција, изјави Орбан пред новинари во Будимпешта.
Според Орбан, ако Грција не е способна да го направи тоа, тогаш тие треба да се заложат за тоа, во спротивно проблемот се преместува во Унгарија, Австрија и Германија.
Над 175.000 бегалци пристигнаа во Унгарија од почетокот на годината, во најголем дел од Грција, земја која е во Шенген зоната. Бегалците, откако ќе минат низ Грција, тргнуваат низ Македонија и Србија и се обидуваат да влезат во Унгарија со цел да стигнат до Западна Европа.
Унгарија летово започна изградба на 175 километарска безбедносна ограда долж границата со Србија, а планира од 15 септември јужната граница на земјата целосно да ја затвори за бегалци.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
