УНДП ќе финансира предлог-проекти за заштита на природата

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) упати повик за поднесување предлог-проекти за реализација на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја".
Предлог-проекти може да поднесуваат граѓански организации и општини. Националните паркови и другите големи заштитени подрачја ќе бидат вклучени во посебна компоненета.
Проектот следната година ќе финансира до 15 проекти за заштита на природата, што ќе се спроведуваат од страна на општини, граѓански организации или партнерства во период од 18 месеци.
Висината на грантовите е во дијапазон од 50.000 до сто илјади евра.
Предлог проектите треба да се фокусираат на активности кои промовираат заштита на природата и одржливо користење на природните ресурси, истовремено подобрувајќи ги животните услови за локалните заедници во целните области.
Целта на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја" е да ја подобри заштитата на природата и да промовира одржливо користење на природните ресурси, а истовремено да ги зголеми капацитетите на локалните самоуправи и граѓански организации за управување и промовирање на заштитените подрачја на професионален и одржлив начин.
Проектот е финансиран од Европската унија, преку Програмата ИПА-2, Секторска оперативна програма за животна средина и климатска акција 2014-2020. Се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Откако ќе бидат избрани, предлог-проектите ќе бидат развиени во целосни проекти, преку посебно прилагодена програма за обука.
Повеќе насоки за аплицирање, како и критериумите за евалуација, може да се погледнат на веб страните: www.undp.mk или www. moepp.gov.mk.
Краен рок за поднесување на проектни концепти е 29 декември, до 16 часот.
Ново на Сител
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
