Унапредување на соработката меѓу деловната заедница и универзитетите
Поттикнување развој на академски програми за високо образование релевантни за деловниот сектор и зголемување на бројот на практикантствата во земјата има за цел денеска одржаниот настан за „Унапредување на соработката помеѓу деловната заедница и универзитетите‘‘.
Настанот е дел од предвидените активности на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) и е организиран во партнерство со Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола.
Како што соопшти Американска стопанска комора во Македонија, проректорот за настава на УКЛО - Битола, Марјан Ангелески на отворањето истакнал дека универзитетите во денешно време не се повеќе изолирани острови, туку сѐ повеќе стануваат активни субјекти и градат партнерски однос со стопанството, со цел што поголема диверзификација на студентите, поради што тие се отворени на деловната заедница да понудат можност за системско користење на нивните капацитети.
Извршната директорка на АмЧам Македонија, Мишел Османли посочила дека континуираните средби на факултетите со компаниите се неопходни за заеднички да се идентификуваат конкретните начини за соработка, за кои и двете страни се заинтересирани и се во можност да ги остварат.
Американската стопанска комора во Македонија ги застапува интересите на над 110 најуспешни македонски и меѓународни компании и има за цел Македонија да биде целосно интегриран и конкурентен член на глобалната економија, како и атрактивен инвестициски центар за меѓународните бизниси во регионот.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица