УМС од Австралија: Македонија е една и единствена
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија и повеќе македонски организации, асоцијации и поединци од Мелбурн и од Австралија преку пишано соопштение до медиумите порачуваат дека ги поддржуваат мирните маршеви во повеќе градови во Македонија за зачувување на унитарноста на државата.
- Одовде од Австралија, силно ги поддржуваме мирните, достоинствени и масовни протестни маршеви, кои со денови, континуирано се одржуваат во многу градови во Република Македонија и на кои, десетици илјади правдољубив народ, со денови го изразува големиот гнев, револт и загајленост за состојбата во која е втурната наша Македонија. Даваме огромна поддршка на цврстата решеност и неотстапност во битката да не се дозволи никој да ја дели и редефинира унитарна Македонија, се вели во соопштението од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија.
Порачуваме, се додава, по никоја цена не смее да се дозволи промена на името, обезличување и исчезнување на македонскиот народ, воведување двојазичност на целата територија без никаква основа и причина, кантонизација и погром на татковината.
- Македонија постои со милениуми, а ќе постои и во сите идни векови. Изразуваме поддршка на државничкиот потег на претседателот Ѓорѓе Иванов, кој и покрај огромниот притисок што се врши, остана и да остане на дадената реч. Да не дозволи мандат за идна влада да се доделува и крои на основа на некакви платформи пишувани во туѓи држави. Ги охрабруваме нашите браќа и сестри во татковината, истрајно и храбро да го поминат и ова премреже, ова тешко време, и да се добие и оваа битка за опстанок и за утрешна силна и просперитетна Македонија. Бидејќи, македонскиот народ нема друга татковина. Наш заеднички дом е оваа единствена, суверена, самостојна, горда и храбра наша Република Македонија, се потенцира во соопштението од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции
-
За викендот дожд и повремено снег
-
Дваесет и пет лица уапсени поради онлајн дистрибуција на детска порнографија генерирана со ВИ, соопшти Европол
-
Жена од Гостивар починала во Струга
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО
-
Димитриеска Кочоска: Немав намера да навредам никого
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник