УМС на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на новите седум проекти за младите
ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период промовираше повеќе проекти наменети за младите. Се фокусираме на проектите кои директно влијаат на подобрување на образовниот систем во нашата држава, како што се „Еден клик“, „Промена на студентскиот статус“ и „Саем на средношколски иновации“. Ова денеска го истакна Димче Арсовски, потпретседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој информира дека со проектот „Еден клик“, студентите преку компјутер, ќе можат со еден клик да добијат се што им е потребно од службите во факултетите. Со проектот „Промена на студентскиот статус“, како што рече, студентите кои се запишале на државните универзитети со кофинансирање од 400 евра, ако остварат просек над 8,5, можат да аплицираат и ќе бидат префрлени во државната квота, која е за 50 отсто пониска.
- Ги промовиравме новите студентски домови, пералните и сушалните, читалните кои ќе се градат во Струмица, Велес и Аеродром, реконструкцијата на читалната во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и НУБ „Св. Климент Охридски“, го промовиравме и проектот бесплатен јавен превоз за сите студенти, потсети Арсовски.
Марјан Спасески, директор на Агенција за млади и спорт соопшти дека изминатите десет години само преку АМС се изградени вкупно 219 спортски објекти низ целата држава.
- Изградени се преку 80 спортски сали, дел од нив преку АМС и дел преку МОН. Изградени се вкупно 74 тениски терени, а годинава ќе продолжиме со изградба на 18 нови. Досега се изградени и 56 повеќенаменски спортски игралишта, а годинава почнуваме интензивно со градба на 22 нови. Сите овие спортски објекти се распространети низ целата држава, а корист од нив имаат општините, младите и граѓаните, рече Спасески. Според него, најкапиталниот спортски проект што ќе се реализира следните пет години во Македонија е изградбна на нови, типски 150 игралишта за уличен баскет.
Тој посочи дека преку МОН наскоро ќе почне да се гради новата голема спортска сала, наменета за Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Салата е дел од проектот за изградба на 145 училишни спортски сали.
Изградбата на отворениот пливачки базен во општина Шуто Оризари, чиј носител ќе биде Агенцијата за млади и спорт, Спасески појасни дека е на иницијатива на граѓаните. На површина од 4.076 метри квадратни ќе има голем, мал и еден базен за одмор и релаксација. Градбата ќе почне во октомври 2016, а се предвидува да биде завршена за една година. Проектираната вредноста на базенот е 45 милиони денари.
Златко Перински, директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ потенцира дека 2015 година била најдобра година. Додаде оти реализiрале повеќе проекти, како јога за трудници, потсети на соработката со Драмскиот театар и на проектот што го реализирале со АМС „Спорт и семејни вредности“...
Перински се осврна на затворената тениска арена и гимнастичка сала, кои се шестиот и седмиот проект, кои беа најавени вчера од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Инвестицијата е 1,7 милион евра. Главен предуслов за да се реализираат овие проекти, како што рече, е усвојување на ДУП-от околу СЦ „Борис Трајковски“, што треба да се случи во април годинава. Појасни дека првично било планирано градбата на тениската арена да почне во август годинава, со рок на изведба од 12 месеци. А потоа, во август 2017 година да се почне гимнастичката сала.
- Најдовме начин, обезбедивме средства и овие два проектa ќе ги почнеме годинава и ќе ги работиме паралелно со рок на изведба од 12 месеци, рече Перински.
Ново на Сител
-
Вечерва е заслуг, а утре Свети Никола, најчестата македонска слава
-
Во Брисел средба на премиерот Мицкоски со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Калас
-
Правобранителот на Украина против мобилизација на 18-годишни момчиња
-
Обвинение за злоупотреба на службената положба во јавно претпријатие во Битола
-
Фрлил пакетче дрога од автомобил, уапсен 38-годишник
-
Уапсени четири лица од Радовиш кои краделе во продажни објекти
-
23 годишник прегазил 75 годишна жена во Куманово
-
Го оштетил буџетот на МВР за скоро 80.000 денари - поднесена пријава за злоупотреба на службена положба