Улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ затворени за сообраќај
Улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ од вчера во 23 часот се затворени за сообраќај на потегот од крстосницата помеѓу улицата „11 Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“, па се до крстосницата меѓу улиците. „Димитрија Чупоски“ и „Даме Груев“, како и од излезот од Градски трговски центар и влезот кон Порта Македонија. Сообраќајот ќе биде во прекин се до недела во 12 часот.
Како што информираат од МВР, пичина за прекинот во сообраќајот се подготвителните активности за одржувањето на културната манифестација на 19-ти и 20 септември на улица „11 Октомври“, пред Порта Македонија по повод спојувањето на Т-Мобиле и Македонски телеком во еден правен субјект.
Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција се преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници