Улични кучиња усмртија српски новинар
Српскиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ (62) починал откако го искасале улични кучиња во селото Велика Иванча кај Младеновац.
Како што пренесуваат белградските медиуми, во нападот на разбеснетата глутница била повредена и неговата сопруга Олга (58) која се обидела да му помогне.
Таа со лекари од Итната помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.
Како што претходно објавија медиумите, кучињата го искасале Радосављевиќ за нозете и рацете, при што бил тешко повреден. Лекарите се обиделе со реанимација, но тој починал.
Радосављевиќ беше новинар, порано на НТВ Студио Б, како и еден од основачите на ПГ Мрежа.
Селото Велика Иванча кај Младеновац, на околу 50 километри од Белград, е познато по крвавиот масакр од 2013 година, кога вооружен жител пукаше по луѓе и уби тринаесетмина, меѓу кои и двегодишно дете.
Ново на Сител
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата
-
Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
-
Дисциплинска комисија на ФФМ: Одземени 9 бода на ФК Гостивар и десет натпревари забрана за настап на свој терен
-
САД се повлекуваат од посредништвото во мировните преговори меѓу Украина и Русија
-
Приведен 32-годишен криминалец од Скопје баран со потерница за затворска казна од две години
-
Кривична против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари