Loading Video...
Свет
23. August 2023 - 12:30

Украинските напади на Москва со дронови не престануваат

Украинските напади на Москва со дронови не престануваат. Руското министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила три беспилотни летала кои се обиделе да ја нападнат руската престолнина.

Едниот дрон при соборувањето сепак удрил во зграда во изградба во комплексот Москва Сити, но нема жртви или повредени лица.

Но жртви има при нападот со украински дрон на санаториум во белгородското село Лави, јавуваат руските власти.

Ова е шеста последователна ноќ на воздушни напади врз московскиот регион, по што со соопштение се јави и  американскиот Стејт департмент, од каде што е посочено дека Вашингтон не поттикнува напади со беспилотни летала во Русија, туку дека тоа е одлука на Украина.

Поради се зачестените напади од украинска страна, Русија го назначи Генералот Виктор Афзалов ЗА врховен командант на Воздухопловните сили. Тој доаѓа на местото на генералот Сергеј Суровикин, на кого по воениот пуч на Вагнер групата во јуни, му се изгуби трагата.

Кина ќе ги преземе неопходните мерки за заштита на морската средина, безбедноста на храната и јавното здравје, како одговор на планот на Јапонија за испуштање на водата од нуклеарната централа Фукушима, ИНФОРМИРАА ОД КИНЕСКОТО МНР.

Кина силно ја повика Јапонија да ја поништи својата одлука, која може да резултира со сериозни последици.

Кина, најголемиот увозник на јапонски морски плодови, веќе го забрани увозот од некои јапонски региони. Кинеските влсати информираа дека минатата година увезле јапонска морска храна во вредност од 600 милиони долари, или една петтина од вкупниот извоз на морска храна во Јапонија.

Јапонија ќе започне да испушта повеќе од 1 милион метрички тони прочистена радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима во морето од утре, повеќе од една деценија по несреќата и во услови на остри критики од Кина.