Свет
28. July 2024 - 10:12

Украински дронови нападнале магацин за нафта во Курската област по што избувнал пожар

Како резултат на напад на украински дронови избувна пожар во складиште за нафта во областа Курск, соопшти вршителот на должноста гувернер на областа Курск, Алексеј Смирнов.

– Никој од жителите или работниците на индустрискиот објект не е повреден, информира Смирнов на Телеграм. Во гаснењето на пожарот учествувале 82 пожарникари и 32 единици со специјална опрема.

Пожарот во една од цистерните е изгаснат, додаде Смирнов.

Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека системите за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле седум украински дронови – два над Курск и пет над регионот Белгород.

Регионите Курск и Белгород се наоѓаат во западна Русија, на границата со Украина.