Украинската воздушна одбрана уништила четири руски ракети, двајца загинати во рускиот напад на регионот Полтава
Украинската воздушна одбрана синоќа уништи две руски ракети од типот „Калибр“ и две крстаречки ракети Кс-59, соопшти Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.
Се наведува дека руските сили ноќеска извршиле напад со ракети од море и од воздух.
Во рускиот ракетен напад врз селото Гогољево во областа Полтава, две лица загинаа, а пет се повредени, соопшти денеска шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак.
„Четири крстосувачки ракети беа истрелани од непријателска фрегата од Црното Море во близина на Феодосија. Исто така, двe крстисувачки ракети Кс-59 беа истрелани од два авиони Су-34 во правец на Криви Рог од воздушниот простор на окупираната област Херсон“, се вели во соопштението, пренесува Интерфакс Украина.
Украинските медиуми претходно објавија дека во Криви Рог се слушнале експлозии.
Ново на Сител
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница