-->
-->
Украинската Служба за безбедност тврди дека преговарачот Киреев загинал во специјална задача
-->
Членот на украинската делегација за преговори со Русија, Денис Киреев загина во специјална задача, соопшти синоќа главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.
Во соопштението се наведува дека Киреев е еден од тројцата разузнавачи кои загинале при извршување на специјални задачи, пренесе Тасс.
„Тие загинаа бранејќи ја Украина”, се наведува во соопштението.
Претходно медиумите јавија дека безбедносната служба на Украина го убила членот на својата делегација во преговорите со Русија.
Киреев е осомничен дека е руски шпион, а медиумите наведуваат дека украинската Служба за безбедност дошла до докази за неговото предавство и снимки од неговите телефонски разговори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран: Американските напади врз Харг не ја оштетија нафтената инфраструктура
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
