Украина ноќеска лансирала дронови кон Москва и други руски погранични региони
Беспилотно летало кое летало кон Москва е уништено во регионот околу руската престолнина, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во објава на Телеграм.
Најмалку 12 беспилотни летала лансирани од Украина се уништени и над пограничниот регион Брјанск, во југозападна Русија, изјави регионалниот гувернер Александар Богомаз на Телеграм.
Два беспилотни напаѓачки авиони, исто така, беа соборени над Курската област, изјави на Телеграм Алексеј Смирнов, вршител на должноста гувернер на регионот, кој беше делумно окупиран од Украина по инвазијата.
Според првите информации, нема повредени или материјална штета, соопштија надлежните. Засега не може да се добие независна потврда на ваквите извештаи.
Од украинска страна во моментов нема коментари на наводите на руските регионални функционери.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
