Свет
22. September 2023 - 17:02

Украина ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол

Украина ја презеде одговорноста за денешниот ракетен напад врз штабот на руската Црноморска флота во Севастопол, јавија светските агенции.

Во нападот загинал најмалку еден руски војник.

„Одбранбените сили на Украина извршија успешен напад врз командниот штаб на руската Црноморска флота во привремено окупираниот град Севастопол“, објави украинската армија во Телеграм.