-->
-->
Украина е подготвена да ја тужи Русија пред судот во Хаг
-->
Украина подготвува судска постапка против Русија пред Меѓународниот суд на ОН во Хаг, изјави украинскиот министер за правда Павел Петренко.
Претходно Киев веќе има покренато четири парници против Русија пред Европскиот суд за човекови права, со кои бара од Москва отштета за случувањата на Крим и во Донбас.
Следниот месец Киев планира да поднесе уште една тужба против Москва пред Европскиот суд, која ќе се однесува на забрана на парламентот на кримско-татарскиот народ.
- Постои уште еден одвоен случај, кој заедно со Министерството за надворешни работи го подготвуваме за судот во Хаг. Нема да откривам детали, наскоро ќе дознаете за него, истакна Петренко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава