Македонија
8. March 2022 - 20:32

Украина бара воени доброволци од Македонија

Македонски граѓани да се приклучат на Меѓународната легија, Новоформирана украинска воена формација за територијална одбрана на државата.

– Украинската амбасада со два повика – еден избришан, од минатата недела и еден од вчера, со иста содржина, но се уште видлив на Твитер.

На социјалната мрежа има две мејл адреси и телефонски број како контакт за граѓаните на Македонија.

Овој повик на Украинската амбасада во Македонија доаѓа по најавата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски од минатата недела, дека сите кои сакаат да се приклучат на Меѓународната легија за борбата против Русија можат тоа да го сторат без виза.