Украина: 500.000 долари награда за пребегнатиот руски пилот на хеликоптер
Руски пилот кој пребегнал на украинската страна и на таа земја и предаде руски хеликоптер Ми-8 ќе добие награда од половина милион долари, изјави украински функционер, пренесува Скај њуз.
Портпаролот на украинското воено разузнавање Андриј Јусов синоќа изјави дека парите ќе бидат исплатени во украинска валута. Тој ги повика другите членови на руската армија да го следат примерот.
Украинските медиуми со денови пишуваат за пребегнувањето на 28-годишниот Русин Максим Кузминов. Украина има официјална листа на награди за воена опрема предадена од руски војници. За тенк, на пример, можат да добијат 100.000 долари. Од друга страна, во Русија се плаќаат бонуси за авиони, тенкови и друго оружје. Тајната служба го убедила младиот човек да оди на украинската страна како дел од специјална, долга операција. Според онлајн порталот „Украинска правда“, хеликоптерот слетал во областа Харков во источна Украина. Двајца членови на екипажот загинаа. Пилотот е во Украина со своето семејство, кое претходно побегна од Русија.
Ново на Сител
-
Истрага за криминал во Лотарија
-
Расчистени повеќе убиства вршени во подземјето
-
Никој не открива кои објекти биле мета на терористичката ќелија поврзана со ИСИС
-
Мицкоски вели акциите се со поддршка од САД
-
ЗНАМ ја промовираше платформата за национално обединување, бара поддршка од сите партии
-
Мицкоски: Ниту еден данок нема да се зголеми
-
В сабота цело Скопје ќе остане без вода, ќе се затвора главната цевка за да се санираат дефекти
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир