Свет
15. March 2022 - 12:32

Украина: 20ти ден од стартот на руската интервенција

20  дена од руската воена инвазија во Украина. За денеска е предвидено продолжување на мировните преговори меѓу двете страни, откако влера истите беа прекинати. Од утрово на сила е договорот за прекин на огнот во источно укринската област Суми, од каде што е предвидено извлекување на цивилното население.

Во знак на поддршка за Украина денеска во Киев ќе пристигнат премиерите на Полска, Чешка и Словенија. Светските медиуми пишуваат дека Моравјецки, Фила и Јанша во 8 часот утрово ја поминале Полско Украинската граница.

Градоначалникот на Киев, Витали Кличко од денеска од 20 ласот до 17 март до 7 ласот наутро воведе полициски час.

Забрането е движење низ градот без посебни пропусници. Може да се излезе само за да се стигне до засолниште, порала Кличко.

Дел од медиумите пишуваат дека ваквата одлука е резултат на опасноста од почеток на долгонајавуваниот напад од страна на руската армија.

Делови од Киев и ноќеска беа мета на руските гранати. Погодена е станбена зграда, а укринските медиуми јавиваат дека при нападот се убиени најмалку две лица.

Во меѓувреме укринскиот претседател Зеленски информираше дека украинската армија нанесува катасртофални последици на руската војска.

Тие веќе изгубија 80 воени авиони, стотици тенкови, илјадници друга опрема. За 19 дена руската армија загуби повеќе во Украина отколку во две крвави и долготрајни војни во Чеченија, посочи Зеленски.

Руската страна пак тврди дека има големи успеси на терен.

Вооружените сили на Русија презедоа целосна контрола над целата територија на Херсон. Воздухопловните сили и ПВО одбраната погодија вкупно 16 воздушни цели, меѓу кои два воени авиони, еден хеликоптер и 13 беспилотни летала, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков. 

Во меѓувреме Европските министри за финансии официјално го одобрија четвртиот пакет санкции против повеќе од 600 руски граѓани, што францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го нарече историска одлука, и го претстави како најбрзиот и најсилниот пакет санкции што Европската унија некогаш го усвоила во својата историја.