Македонија
8. December 2020 - 8:36

Украдените два тона марихуана од Јосифово синоќа пронајдени во Арачиново

Во големата полициска акција во скопско Арачиново синоќа биле пронајдени два тона обработена марихуана. Се претпоставува дека се работи за марихуаната која во четвртокот била украдена од склад за преработка на канабис во селото Јосифово. Приведени се неколку лица.

Синоќа во Арачиново беше спроведена голема полициска акција во која учествуваа и припадниците на специјалните и посебните полициски сили, како и инспектори од крим-техника.

МВР најавува дека подетални информации ќе соопшти во текот на денот.