Македонија
20. јуни 2016 - 13:43

Украдени 25.000 евра и злато од стан во Скопје

Околу 25.000 евра, четири златни приврзоци и комплет од бело злато се украдени вчера од дом во Скопје, соопшти полицијата.

Настанот го пријавил  М.Ј.(1957) вчера по полноќ. Според него, кражбата се случила вечерта меѓу 19.00 и 00.00 часот од страна на непознат сторител кој најпрво насилно ја отворил влезната врата, а потоа пребарувал, украл и избегал, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1,6 милиони денари.