Македонија
22. April 2018 - 13:02

Украден пиштол од куќа во Катланово

Вчера во времето од 08,00 до 11,15 часот во село Катланово, скопско во куќата сопственост на В.Л. од Прилеп, непознат сторител извршил тешка кражба при што сторителот одзел пиштол „М-57“ кал.7,62мм со рамка со 9 куршуми, дозвола за поседувањена истиот и 2.000 денари. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.