Македонија
30. October 2017 - 14:10

Украден лап топ и 373.000 денари од куќа во Прилеп

Непознат сторител синоќа во куќата на Р.М. (65) на ул.„Тале Христов“ во Прилеп извршил тешка кражба со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 400.000 денари. Кражбата ја извршил во период од 18:45 до 00:30 часот.

МВР информира дека сторителот го скршил цилиндарот од бравата од влезната дрвена врата од куќата, влегол внатре и одзел еден лап топ компјутер и 373.000 денари по што го напуштил местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.