Укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и на Маврово
Укината е забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и Маврово, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.
Од 15.11.2024 започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за натпартиско обединување
-
Владата планира да ја гради втората фаза од жичницата, ќе се доградат и зградите на ФИНКИ и ФФК
-
Судски совет утре избира претседател
-
Маглата одложи летови, Скопје на врвот на листата најзагадени градови во Европа
-
Анализа: Поради петарда дете остана со траен инвалидитет – Дали системот потфрли?