Македонија
10. January 2017 - 13:28

Укината забраната за камиони на Стража

Од 12:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Претходно, во 11:45 часот беше укината и забраната за сообраќај за камиони на планинскиот превој Плетвар.