Укината забраната во Барселона и Тарагона за излегување надвор поради токсичен чад после пожар

Властите во пет општини во Барселона и Тарагона синоќа ја укинаа наредбата за останување дома за 147.000 жители на кои им беше кажано да не излегуваат надвор и да не ги отвораат прозорците поради пожар што избувна рано утрово во фабрика за хемикалии за базени, откако пожарникарите успеаја да го стават пожарот под контрола.
Во фабриката беа складирани приближно 70 тони хлор, објави „Ел Паис“.
Локалната Цивилна заштита соопшти дека сè уште ја следи ситуацијата, не исклучувајќи ја можноста за потреба од повторно да им се наложи на жителите да останат дома.
Како што е наведено, пожарот е под контрола, нивото на токсични супстанции во воздухот е намалено, а ветерот го пренасочил облакот со хлороводородна киселина кон ретко населената област.
Според весникот, само две лица побарале медицинска помош. Претседателот на каталонската влада, Салвадор Иља, им се заблагодари на локалното население за нивното одговорно однесување и ги замоли да продолжат да ги следат упатствата на Цивилната заштита, со цел да се избегнат ризиците што ги создава токсичниот чад од фабриката
Ново на Сител
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
