Укината делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште
– Согласно Барањето од ЈП Национални шуми од 12 септември годинава, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја издаде согласноста за укинување на делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште, која стапи на сила од 24 јуни годинава, заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари.
-За спроведување на горенаведената согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие,Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација