Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски
Укината е мерката куќен притвор за Драги Рашковски од Скопје и прифатена е гаранцијата како мерка за обезбедување на негово присуство во рамки на кривичната постапка што се води против него поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 на Кривичниот законик, соопштија утрово од Апелационен суд Скопје.
- Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КСЖ - 816/23 на нејавна седница на ден 03.11.2023 година, жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ja одби како неоснована и донесе решение со кое го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е укината мерката куќен притвор и прифатена гаранција како мерка за обезбедување присуство против обвинетиот Д.Р. од С., во рамките на кривичната постапка која се води против обвинетиот, а поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 на Кривичниот законик, информираат од Апелација.
Вака донесената одлука, посочуваат, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари