УЈП: Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување за 2015

Управата за јавни приходи (УЈП) соопштува дека земјоделците имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално доколку нивниот приход од земјоделска дејност за годинава не надмине 1.300.000 денари.
- Без разлика дали земјоделството претставува ваша основна дејност или ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги, соопшти денеска УЈП.
Најдоцна до 31 јануари следната година на шалтерите на УЈП треба да се поднесат образците „УЈП-РДО/З“- Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и „ПДД-ПЗ“- Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност.
Ако веќе се регистрирани во УЈП и им доделен даночен број (ЕДБ) како вршител на земјоделска дејност, треба да поднесат само барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност, образец „ПДД-ПЗ“.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
