УЈП: Истекува рокот за барања за отпис на камати од социјални придонеси
Рокот за поднесување барање за отпис на камати за социјални придонеси истекува на 31 декември годинава. Најдоцна до тој датум сите работодавачи, самовработени лица, индивидуални земјоделци, верски службени лица или државни институции (подносители на пресметки на бруто плата) можат да поднесат барање за отпис на камати до Управата за јавни приходи (УЈП).
- Право на отпис на камати има секој обврзник кој најдоцна до 31 декември ќе поднесе барање „БОК-ПЗСО/1“ за отпис на камати по основ на достасани обврски за социјални придонеси кои настанале од јануари 2009 година заклучно со декември 2014 година, односно кои произлегуваат од месечни пресметки на бруто-плата за период најрано од јануари 2009 година, а најдоцна до декември 2014 година. Право на отпис на камати има и за достасани обврски за социјални придонеси утврдени со конечна месечна пресметка на бруто-плата и кои не се платени на денот на поднесување на барањето, соопшти УЈП.
Ново на Сител
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан
-
Во Велес одржани второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води и класик трката од Југоисточна Европска лига
-
Најбогатите селебрити во 2025 година
-
Мбапе за понудите од други клубови: Мислев само на Реал
-
Приведен кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта