Македонија
17. April 2017 - 18:37

УХМР предупредува: Доаѓа нов влажен бран и температури под нулата

Променливо облачно и свежо, со повремен локален дожд, на планините со снег. Во вечерните часови облачноста постепено ќе се намали, а врнежите ќе престанат насекаде. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. 
 
ВРЕМЕТО УТРЕ
 
Сончево и потопло со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен јужен ветер. Т-мин. од -1 до 6 а т-макс. од 14 до 20 степени. Слично време ќе преовладува и во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Т-ра 2 / 18 степени.
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
 
Во среда, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни (над 25л/м2). Во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка. Во четврток и петок ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, а поради разведрувањето, во петок и во деновите од викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нула.