УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври
Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници кои не го платиле долгот по основ на ДДВ за октомври да го сторат тоа во најкраток можен рок, за да не се соочат со мерки на опомена и блокирање на трансакциските сметки.
Според обработката на ДДВ пријавите, вкупниот износ на ДДВ долгот за октомври изнесува 2,99 милијарди денари, пријавени од страна на 3.949 даночни обврзници.
- Согласно анализата, останатите 1. 198 даночни обврзници кои не ја исполниле својата обврска, ги повикуваме да ја платат својата даночна обврска без одложување со вкупен износ од 758,6 милиони денари. За секој ден задоцнето плаќање, согласно законот ќе се пресметува камата од 0,03 проценти од преостанатиот долг. Даночните обврзници кои и по овој повик нема да ја уплатат својата обврска по основ на ДДВ, од 3 декември преку порака ќе добијат опомена, ако и по таа мерка не го платат долгот, веќе од 23 декември ќе се започне и со мерки за блокирање на нивните трансакциски сметки, велат од УЈП.
Законскиот рок за плаќање на оваа обврска беше до 25 ноември.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица