УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објави сезонскиот изглед за претстојната зима 2025/2026, подготвен врз основа на прогностички материјали од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето, Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа и други светски прогностички центри.
Истражувањата за климатските изгледи за зима, како што велат од УХМР, се базираат на динамички модели, статистички модели и телеконекции на климатски карактеристики од поголеми размери.
Според УХМР, моделите покажува значителна неизвесност за поголемиот дел од Европа, но сепак најголемата доверба (50-60% веројатност) е за развој на позитивни геопотенцијални аномалии над југоисточна Европа. Набљудуваните температури на морската површина и прогнозите за следните три месеци покажуваат повисока веројатност за појава на Ла Ниња услови, со слаб интензитет.
-Зимата 2025/2026 се очекува дека ќе биде со малку над просечната температура на воздух и со количини на врнежи во рамките на многугодишниот просек.
Се очекува зимата 2025/2026 година да биде динамична, карактеризирана со значителни месечни промени кои ќе се одвива во три различни фази: ладен почеток, умерен среден период на сезоната и постуден крај. Најголемото позитивно отстапување на месечните вредности се очекува во месец јануари, истакнуваат од УХМР.
Сезонскиот изглед за тeмпературите на воздухот во период декември 2025 - јануари 2026 - февруари 2026 со поголема веројатност покажува надпросечни вредности на целата територија, а најголемото отстапување се очекува да биде во северниот дел.
-Во однос на врнежите за оваа сезона, моделите не даваат прецизен сигнал. Просечно врнежлива зима со негативно отстапување во западните делови е најверојатното сценарио за оваа зима. Не се очекува врнежите во декември да го достигнат просекот, но почетокот на 2026 година треба да биде повлажен, со врнежи над просекот во источниот дел во јануари и февруари, истакнуваат од УХМР.
Оттаму посочуваат дека повеќегодишната просечна температура за зимата (декември-јануари-февруари) се движи од -1,5°C измерена на метеоролошката станица во Маврово до 5,0°C измерена во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90mm измерени на МС Штип до 319,4mm измерени на метеоролошката станица во Лазарополе.
Во однос на просечната температура на воздухот измерена на метеорлошката станица во Скопје, од УХМР велат дека изнесува 2,0°C, а просечната количина на врнежи 110mm.
МИА
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
